Танец музичко вокални изведби и концерти

Разигран Танец

Авторско дело на Милан Завков. Орото е создадено во 2008 година и е изведено од страна на оркестарот на Танец. Ова оро се карактеризира со брз и енергичен ритам во 7/16 такт. Уште една негова карактеристика е што сите солистички инструменти имаат соло делници: хармоника, кларинет, кавал, тамбура и зурлата која го дава најубавото чувство во целото дело.