Танец Оро Тешкото

Оро Тешкото

Кореографска обработка од Дојчин Матевски со традиционална музика

Група од неколку играчи фатени под рака со водачот гордо исправен на тапанот со крената десна рака во која држи црвено шамивче е најчест синоним за ова оро.
Тешкото претставува едно од најпознатите ора поставени на репертоарот на “Танец”. Пред 1949 “Тешкото” било изведувано од страна на жителите од регионот на Лазарополе. Орото се изведува во придружба на традиционални инструменти зурла и тапан, понекогаш орото е придружено и од две зурли. Специфичните звуци на овие традиционални инструменти ја надополуваат атмосфера креирана од страна на играчката група. Со изведбата на “Тешкото” од страна на ансамблот “Танец” на Интернационалниот фестивал во Ланголенд 1950 година, жирито на фестивалот ги има прогласено за најдобра група во историјата на фестивалот и им ја доделено специјалната награда.