СЕХА Ракомет часови

Танец гостин на СЕХА во соработка со РК Вардар

Нашата Македонска гордост Ансамбл Танец повторно зеде учество во уште еден голем настан кој деновиве се случуваше во Македонија.

Играорците на Танец најпрвин ги учеа странските ракометари на шампионот Вардар како се игра македонско оро. Во саботата на 14.04.2018 жеанската пеачка група заедно со делот од народниот оркестар при ансамлот Танец, се претстави со блок песни на гала вечера со официјалните претставници на СЕХА лигата. Во неделата на 15.04.2018 играорниот кор пред многубројната публика на на С.Ц. Јане Сандански се претставија со фрагменти од Осоговка и орото Црногорка.