Танец игри и ора

Настап на Скопско Лето (Карпошево Востание)

На Плоштадот „Карпошово востание“ (алтернатива Музеј на македонската борба за државност и самостојност), во 21 часот, вокално-инструментален концерт одржа Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Веќе шест децении „Танец“ со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој Македонец.

„Танец“ има учествувано на над 4.500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи. Репертоарот на „Танец“ го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела, како што се: „Невестинското“, „Тешкото“, „Комитско“, „Чифте Чамче“, „Осоговка“ и многу други бисери на македонското народно творештво.