Гостински настап пред Огнот на Анадолија
Танец беше специјален гостин на 12ти Март во танцовото шоу пред спектакуларниот настап на светската атракција Огнот на Анадолија (Fire of Anatolia) во ВИП арена “Борис Трајковски” во Скопје. На својата програма беа изведени неколку ора, меѓу кои Осоговка, Пирин и Лазаренки. Танец ја претстави нашата култура, традиција, нашето мајстортство со автентични чекори и елементи од богатиот македонски фолклор. Танец за првпат настапи на иста сцена со турската танчерска група.
