Концерт во Велес Театар Ј.Х.К.Џинот 18:00

Во Среда на 09.05.2018г. со почеток во 18.00 часот во Велес, НУЦК Театар Јордан Х.К. Џинот, Ансамблот ТАНЕЦ ќе го одржи продолжението на својот традиционален Велигденски концерт. На својата програма ќе бидат изведени повеќе ора, меѓу кои Невестинско, Чифте Чамче, Осоговка, Пирин, Копачка, Шопска Петорка, На мегдан, Лазаренки итн. Танец ќе ја претстави нашата култура, традиција, нашето мајсторство со автентични чекори и елементи од богатиот македонски фолклор.