Велигденски концерт во МНТ Скопје на 05.04.2018
На 05.04.2018г. со почеток во 20.00 часот во МНТ, Ансамблот ТАНЕЦ го одржа својот традиционален Велигденски концерт. На својата програма беа изведени неколку ора, меѓу кои Невестинско, Чифте Чамче, Осоговка, Пирин, Копачка, Шопска Петорка, На мегдан, Лазаренки и фрагменти од Седенка и Тресеница. Танец ја претстави нашата култура, традиција, нашето мајсторство со автентични чекори и елементи од богатиот македонски фолклор.

