Концерт во Љубљана Словенија на 30.11.2017
НУ Ансамбл Танец со Концерт во Љубљана – Словенија, во салата “Цанкарјев Дом” на 30.11.2017
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија Танец, на 30 Ноември одржа настап во престижниот Цанкарјев дом во Љубљана, Словенија. Ова е прв настап на најреномираниот македонски ансамбл во Љубљана по 15 години. Танец во Цанкарјев дом одржа целовечерен концерт, на кој беа изведени 5 кореографии од богатиот репертоар на Ансамблот. Освен тоа, на настапот во Љубљана беа изведени и десетина најпопуларни македонски народни песни и ора.
Галерија од концертот
