esenski-svecenosti-2017

Спектакуларен Настап на ЕМС 2017

Вечерта во среда на 22.11.2017, со почеток од 20 часот, во Дом на АРМ, а во рамки на „Есенските музички свечености“ концерт одржи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“. На програмата беа изведени „Русинско соборско ор“ и „Учи карај Лена“ од Бајса Арифовска, „Севдалинке малој моме“ од Мартина Костова, „Пошла си Рада на бунар“ од женско трио при „Танец“, „Димитрија дејгиди џанам“ од Гоце Цоневски, „Раштак“ во кореографија на Стојанче Павловски, „Петро Петроленко“ од Габриела Јанушевска, „Три години стана“ од Кирил Митоски, „Ој девојче бело и црвено“ од Драган Николовски, „Филизо малој моме“ од Кирил Спасеновски, „Роненка“ во кореографија на Љупчо Маневски, „Кирјана“ од Далибор Ѓошиќ, „Со маки сум се родила“ и „Градел Илија манастир“ од Сузана Спасовска, „Ако одам во Битола“ од машка пејачка група при „Танец“, и „Ќа та грабам“ и „Ганкино оро во музичка обработка на Сашо Ливрински.