Танец Концерт - Оро се вие крај манастирот - Охрид 0

Концерт во Охрид на 56ти Балкански Фестивал

Со целовечерен концерт на ансамблот „Танец“, вечерва, на сцената на Долни Сарај ќе биде отворено 56-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
Фестивал за отворен ќе го прогласат градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е покровител на манифестацијата.

– Охрид од далечната 1962 година со Балканскиот фестивал е домаќин на денес, една од најстарите и најреномирани, културни манифестаци за народниот мелос на овие простори. Низ годините на одржување на фестивалските денови продефилирале илјадници учесници и играорци, Целта на фестивалската манифестација е зближување на младите луѓе и размена на искуства, дружење на луѓето од Балканските земји и пошироко, вели академскиот сликар Славко Упевче, програмски координатор на фестивалот.