Концерт во Белград Србија на 20.10.2017
НУ Ансамбл Танец со Концерт во Белград, во салата “Влада Дивљан” на 20.10.2017
На својот концерт ансамблот Танец се претстави со дел од богатиот репертоар. Освен кореографиите „Раштак“, „Роненка“,„Беломорски бисер“, „Седенка“ и „Сред село“, реномираниот ансамбл се претстави и со дел од најубавите македонски песни и инструментални ора во изведба на оркестарот и пеачкиот кор. И овој пат, Танец ја покажа својата маестралност во изведбата на македонскиот фолклор и ја остави белградската публика без здив. По бројните аплаузи и овации во текот на целиот концерт, публиката го враќаше Танец неколкупати на сцената на бис. На првиот Етно-самит, кој се одржува на иницијатива на националниот ансамбл на Република Србија „Коло“, во периодот од 19-23 октомври во Белград е предвидена програма со целовечерни концерти на четири професионални ансамбли од регионот – „Ладо“ од Загреб, „Венац“ од Призрен и „Танец“ од Скопје.
