Оро Невестинско
Сценска адаптација и музика од Трајко Прокопиев
“Невестинско” потекнува од печалбарски предел кој се протега од западниот планински масив до регионот околу Битола. Сценската адаптација се базира на мелодијата на традиционалната песна “Прстен ми падна”.
Играта е претставена од осум женски играчи облечени во носија од регионот на Мала река и Дебар. “Невестинско” на сликовит начин го прикажува подготвувањето на невестата и невестинскиот танц на невестата придружена од своите најблиски пријателки т.н друшки. Ова игра претставува една од оригиналните традиционални изведби од страна на ансамблот “Танец” придружена од чалгииски оркестар составен од традиционални инструменти. Оваа традиционална игра ја доловува грациозноста, достоинственоста и убавината на македонската жена.
