Танец 70 години јубилеен концерт 25.06 НОБ 20:00
Националната институција за народни игри и песни „Танец“ ве кани на јубилејниот концерт во чест на 70-годишнината од своето постоење. Оваа завршна година од седмата деценија, се одвива под мотото: „Остани во чекор“ – со минатото, сегашноста и современите текови. Програмата на овој музичко-сценски спектакл е базирана брз поновиот репертоар на ансамблот, а нејзиното мултимедијално обликување го навестува новиот модерен пристап на институцијата кон третирањето и на фолклорните содржини. Оваа свечена вечер, во чест на сите минати, сегашни и идни генерации чувари на македонското фолклорно наследство, ќе настапат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец“. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет,
а картите се веќе во продажба во „Југотон“ и на интернет сервисот: https://www.karti.com.mk/70-godini-tanec-jubileen-koncert.nspx
